Ракомет

БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ!

Викендов се натпреварите по групи од Купот на Македонија. Најдобрите влегуваат во завршницата, во полуфиналето. Во женска конкуренција, во рамките на групата 2, во салата „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп домашната Деспина со 35:16 (19:7) го совлада скопскиот Кузман Вардар. Утре (недела) во Скопје ќе се игра за победник во групата, а прилепчанките го чекаат подобриот од денешниот дуел на скопските ривали Вардар и Шампион.

Во Купот за мажи, денеска (15 ч.) во Скопје екипата на Прилеп игра со неготински Вардар, во групата 3. Подобриот од дуелот в недела се среќава со подобриот од мечот Бутел – Алкалоид.

Ракометните првенства продолжуваат на 25 и 26 март.

Од категоријата

(фото) ПРИЛЕП ТРЕТ, ДУБОЧИЦА ПРВА!

Зоран Иге

СКУСЕН СПИСОКОТ НА ЗАМИНАТИ

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ДВЕ ЕКИПИ ВО ИСТА САЛА ИМААТ ПРВ СОБИР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе