Ова коло, 14. по ред од фудбалската Трета лига – Југ помина во она што значи предност на домашниот терен. Само крушевско Питу Гули освои бод на гости, а сите други гостински тима загубија. Што е уште поинтересно, сите пет гостински тима не дадоа ниту еден гол, а примија 13. Во дербито Големо Коњари – Превалец 1:0.
РЕЗУЛТАТИ: Бучин – Марена 3:0 (Сашо Талевски, Ѓорѓија Мургоски, Зоран Мирчески), Големо Коњари – Превалец 1:0 (Михо Андреевски), Вардар – Младост 6:0 (Пане Гогов 2, Ѓорѓи Шишков, Даниел Буровски 2, Борче Гогов), Слога – Обршани 3:0 (Адмир Угљанин, Енис Фазлиоски, Андријан Волчески), Росоман – Питу Гули 0:0.
ТАБЕЛА: Вардар 39, Питу Гули 35, Големо Коњари 28, Превалец 25, Росоман 21, Слога 20, Марена и Бучин 15, Локомотива 14, Младост 7, Обршани 6, Канатларци 2.
СЛЕДНО 15. КОЛО (26 март во 15 ч.): Росоман – Бучин, Питу Гули – Слога, Обршани – Локомотива, Младост – Големо Коњари, Превалец – Марена.