Во пингпонгарската Супер лига на Македонија во центарот на вниманието беше дербито Телеком нец 2 (Скопје) – Младост 96 (Прилеп). Прилепскиот тим го доби дуелот со 4:2. Двете партии за Телеком нец 2 ги доби Србинот Милош Миленковиќ, а за Младост 96 Антонио Стомнароски, Србинот Ѓорѓе Борчиќ 2 и Петар Костовски. Со овој триумф Младост 96 се искачи на врвот од табелата.
Резултати 11. рунда: Крива Паланка 2007 – Шампион ФА 2:4, Телеком Нец 2 – Младост 96 2:4, Кочани – Берово 0:4, Работнички – Рисови 4:3, Крива Паланка – Младост 4:1. Резултати 12. рунда: Берово – Работнички 4:3, Рисови – Крива Паланка 2007 3:4, Шампион Фа – Крива Паланка 1:4, Младост – Телеком Нец 2 3:4, Младост 96 – Кочани 4:0.
ТАБЕЛА: Младост 96 (Прилеп) 23, Телеком нец 2 (Скопје) 22, Крива Паланка 2007 и Берово 20, Шампион ФА (Штип) 17, Младост (Прилеп) и Работнички (Скопје) 16, Крива Паланка 14, Рисови (Скопје) 12, Кочани 11.