Џудо

СУДИИТЕ НЕ ДОЗВОЛИЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕДАЛА ЗА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Во Аминдео, Грција се одржа Меѓународен турнир во џудо, со учество на околу 400 натпреварувачи од Грција, Молдавија, Грузија, Италија, Бугарија и Македонија. Џудо-клубот Сеишин од Прилеп се претстави со 7 натпреварувачи при што освоени се 2 сребрени медала. Тоа им успеа на кадетите Јован Стојановски и Теа Настоска. Другите натпреварувачи Михаил Стојановски, Георгиј Магдески, Борис Џагадуроски, Михаил Димоски и Елеонора Илиоска иако со по една или две победи, не се закитија со медали при одлични борби.

– Мораме да потенцираме дека сите беа под силен притисок на судиите и затоа нашите натпреварувачи, практично, беа оневозможени и да сторат нешто повеќе. Сепак, Сеишин е задоволен од настапот на сите и постигнатиот успех на еден ваков силен меѓународен натпревар на кој покрај противниците наспроти себе ги имавме за противници и судиите и натпреварувачката комисија кои направија се за нашите џудисти да не се закитат со медал – велат од клубот Сеишин, чија екипа беше водена од тренерот и селектор на македонската кадетска селекција Дејан Мицкоски.

Прилепскиот клуб настапи и во Ниш, Србија на Меѓународен меморијален турнир со учество на 475 натпреварувачи од Србија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија. Таму освоени се 4 медала ( 2 сребрени и 2 бронзени). Сребрени се Тамара Илиоска кај пионерките и Тамара Стојкоска кај децата, а бронзени Теодора Илиоска кај пионерките и Марио Конески кај децата.

Џудистите ги предводеа тренерите Мартин Ристески и Марио Тошески со поддршка на ветеранот Киро Здравески.

Од категоријата

ЕДЕН КЛУБ ВО ЕДЕН ДЕН СОБРА МЕДАЛИ ОД ТРИ ДРЖАВИ!

Зоран Иге

КРУШЕВО Е ГРАДОТ-ДОМАЌИН НА БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОНАТ!

Зоран Иге

ТРИ МЕДАЛИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе