100 години фудбал во Прилеп

ПЕШКИ 30 КИЛОМЕТРИ ЗА ТОЈ ФУДБАЛ!

Безбројни се подвизите на прилепските фудбалски љубители. Ни невреме, долг пат или немање превоз, не ги спречувало да појдат на важен меч. Дваесеттите години од минатиот век, во Битола играат домашната Младина (Пелистер) и прилепска Југославија. Возот и единствениот автобус се преполни со навивачи. Тројца млади прилепчани, Борка Конески – Мигачо, со другарите Тане и Гиче, бараат чаре. Единствено што им останува е превоз со -велосипеди.

Арно ама, имаат само еден, а тие се тројца! И со тој едниот се кандисуваат, од пуста љубов кон топката. Се менуваат по патот, додека еден вози, двајца трчаат. Стасуваат навреме до игралиштето Бела Чешма. Следува враќање по истиот пат. Дали гумите ќе издржат? За несреќа, по поминати десетина километри едната гума пука и нема повеќе ниту превоз со велосипед. Натаму само пешки.

– Беше тешко, 30 и кусур километри се во прашање. Но пресреќни од резултатот, оти им извадовме 1:1 на битолчаните, и пешки успеавме да се вратиме дома – раскажа Борка Мигачо во 2010 година, кој почина три години подоцна, на 96 години.

Од категоријата

ПОБЕДА ГУБЕШЕ 1:0, ПА ПОБЕДИ 8:1!

Зоран Иге

(аудио) ОФС ПРИЛЕП ВО НОВИТЕ КАНЦЕЛАРИИ!

Зоран Иге

ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕРЕШЕНИОТ РЕЗУЛТАТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе