100 години фудбал во Прилеп

НА 16 ГОДИНИ ВЛЕЗЕ ВО ТИМОТ НА ПОБЕДА И СТАНА СВЕТСКИ ФУДБАЛЕР

Нема фудбалски вљубеник кој не знае детали за фудбалската кариера на Илија Најдоски. Тргна од крушевско Питу Гули, па се афирмира во прилепска Победа, оттука преку скопски Вардар стигна до белградска Црвена звезда, со која стана европски и светски шампион. Како станал првотимец на Победа, веднаш преземен од младинскиот тим, се сеќава 88-годишниот Момчило Мома Илиќ од Заечар, тренер на прилепскиот клуб во 1981 година.

 – Својот живот им го посветив на фудбалерите. Создадов голем број големи југословенски фудбалери кои играа во Црвена звезда. Еден од нив е Илија Најдоски, кого на 16 години го ставив да игра за прилепска Победа. Тогаш Победа беше трета на есенската табела во Македонската републичка лига. Мене во тој клуб ме доведоа во јануари 1981. Тогаш тоа момче од 16 години го зедов и го поставив да игра последен човек во одбраната. Токму со тоа момче влеговме во Втората југословенска лига. Тоа е едно најголемо богатство за тренерот – кога создавате, кога момче оди и станува некој голем европски и светски играч.

Потврда на оваа сегашна изјава е написот во весникот „Нова Македонија“ од зимата 1981 година под наслов „Најдоски се наметнува“. Таму е објавено тогашното мислење на Мома Илиќ во врска со надежниот фудбалер:

– Најдоски практично доаѓа од младата екипа. Вистинско откритие е во улога на центархалф. Сталожен, но и брз и енергичен кога ќе затреба, со огромни физички предиспозиции. Може брзо да напредува.

Еден од натпреварите кои не се забораваат, кога тренер беше Илиќ, а играч Најдоски, е Победа – Пелистер 3:1 од 15 март 1981 пред рекордни 15 илјади гледачи во Прилеп.

Од категоријата

ЖАЛ ШТО ОД ПРИЛЕП НЕ ЗАМИНА ВО СПЛИТСКИ ХАЈДУК!

Зоран Иге

СПОМЕНИ ОД МИЛАН ТОДОРОСКИ: ЅИРКАЊЕ ПРЕД СТАДИОНОТ И ТРЕСЕЊЕ ПРЕД НАТПРЕВАР!

Зоран Иге

ГОРАН ПАНДЕВ ВО ПРИЛЕП, А НЕВИДЕН ОД НИКОГО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе