Фудбал

ПОЛИЦИЈАТА НА НОЗЕ ПРЕД МЕЧОТ ЦРНА ГОРА – СРБИЈА!

Квалификациите за ЕП почнаа, а првиот натпревар од висок ризик ќе се игра во соседството, В понеделник (20,45 ч.) во Подгорица е дуелот Црна Гора – Србија од Г-групата. Претходно Црна Гора со 1:0 ја совлада на гости Бугарија, а Србија дома со 2:0 беше подобра од Литванија.

За овој соседски дуел Црна Гора – Србија, дуел на две држави кои до пред 17 години беа во иста федерација, подготовките се од претходниве денови. Со оглед на тоа што овој натпревар е од висок ризик, полицијата најави несекојдневна акција за време, но и пред и по него.Полицијата реши да го снима натпреварот, што е ретка практика, а поригорозни проверки ќе се вршат на самиот влез на стадионот.Снимањето ќе започне во 15 часот, иако натпреварот започнува во 20:45 часот, а ќе се снима и по натпреварот, до полноќ.

„Согласно одредбите од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски настани, имајќи го предвид фактот дека спортскиот настан е прогласен за настан со зголемен безбедносен ризик, купувањето билети ќе биде дозволено само со документи за идентификација ( лична карта, патна исправа).Влезот на Градскиот стадион во Подгорица ќе биде дозволен само со валидни билети“, се вели во соопштението на Полициската управа.

И УЕФА претпоставува дека ќе биде тензично на овој меч, па го испрати еден од најдобрите судии Французинот Клемент Турпин.

Од категоријата

ПРВОЛИГАШ ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРЕСУДНА 37. МИНУТА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

БРАЌА И БРАТУЧЕДИ ЕДНИ ПРОТИВ ДРУГИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе