Кошарка

КОШАРКАРСКА ЕКИПА ОСТАНАЛА СО ТРОЈЦА ИГРАЧИ!

Вечерва во Тетово, на дерби-мечот од кошаркарската Трета лига Б-група водечкиот Мега баскет од Прилеп со 71:65 е поразен од домашниот Тетекс, второпласиран на табелата. Ова е прв пораз на прилепскиот тим, по 11 победи во серија. Меѓутоа, од таборот на Мега баскет се жалат на тенденциозното судење на нивна штета. Според нив, имале водство од 6 поена разлика на три минути до крајот. Тогаш останале на паркетот со само тројца кошаркари, бидејќи другите биле исклучени со по пет лични грешки. Ова ретко, многу ретко се случува.

РЕЗУЛТАТИ: Тетекс – Мега баскет 71:65, Љуботен – Дибра иглс 58:78, Хераклеја – Спарта 69:77. ТАБЕЛА: Мега баскет и Тетекс 23, Гостивар 2, ИБА баскет, Хераклеја и Дибра иглс 18, Спарта 17, Љуботен 11. СЛЕДНО 17. КОЛО: Мега баскет – Хераклеја, Спарта – Љуботен, Дибра иглс – Гостивар 2.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ ГО СОБОРИ СТРУМИЧКИОТ, КОЈ ДОЈДЕ НАМЕСТО СКОПСКИОТ! (фото, состави, стрелци)

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ГОСТИТЕ ДОАЃААТ СО „ТРОЈКАШОТ“ ОД 25 МЕТРИ, А ДОМАШНИТЕ СЕ БЕЗ КАПИТЕНОТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ ЗАПРЕ, ТРИ ОД ТРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе