Ефикасно со голови беше денешното 15. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Постигнати се 18 гола на 5 меча. На дуелот во Кривогаштани Големо Коњари со 3:0 ја совлада домашната Младост, а во Крушево Питу Гули со 2:1 беше подобро од Слога.
РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Росоман – Бучин 3:1 (Бојан Миланов, Драган Митров, Слободан Дуков – Зоран Мирчески), Питу Гули – Слога 2:1 (Филип Кукески, Соте Волчески – Онур Имероски), Обршани – Локомотива 1:2 (Антонио Најдоски – Павле Петров, Робин Шабаноски), Младост – Големо Коњари 0:3 (Блеранд Ќамили, Илчо Митрески 2), Превалец – Марена 4:1 (Пеце Стојанов, Кристијан Маневски, Александар Буковски, Гоце Коцевски – Роналдо Фазлиов).
ТАБЕЛА: Вардар 42, Питу Гули 38, Големо Коњари 31, Превалец 28, Слога 23, Росоман 21, Марена и Бучин 15, Локомотива 14, Младост 7, Обршани 6, Канатларци 2.
СЛЕДНО 16. КОЛО (2 април во 15 ч.): Бучин – Превалец, Марена – Младост, Вардар – Обршани, Локомотива – Питу Гули, Слога – Росоман.