Интересни се и првенствата во рамките на ОФС Прилеп. Во Општинската квалитетна лига, се одигра 15. рунда. На дербито меѓу прво и второпласираниот тим, во Забрчани Кадица ја совлада Стрела од Ерековци со 1:0. Стрелец на голот е Горан Базеркоски.
ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Мукос – Кадино 2:0 (Миле Стојчески, Зоран Ристески), Ултрас – Клепач 5:1 (Димитар Секулоски, Влатко Ингилизов, Димитар Стојоски 3 – Дарко Димоски), Црвена ѕвезда – Влазними јуниор 6:3 (Филип Ачкоски 4, Горан Илиоски, Сашо Ангелески – Бљорент Арифоски, Фљамур Рустеми, Бујамин Мемедоски), Млекар – Гарван 2:2 (Боби Ачкоски 2 – Блерим Сулејмани, Есад Аломеровиќ), Тризла – Динамо 2:2 (Петар Боболески, Виктор Ристески – Александар Китаноски, Диме Наумчески). До крајот остануваат уште 7 кола.
СЛЕДНО КОЛО: Кадино – Тризла, Динамо – Млекар, Гарван – Кадица, Стрела – Црвена ѕвезда, Влазними – Ултрас, Клепач – Мукос.
Во Општинската Б-лига се одигра 14. рунда. Во Крушеани Напредок со 5:0 го совлада Прилеп сити. Стрелци: Самоил Граороски, Даниел Мицески, Климент Манески 2 и Валентин Ѓоргоски. На вториот меч Мажучиште – Боротино 0:1 со голот на Александар Ризоски. До крајот се уште 7 кола.
СЛЕДНО: Напредок – Боротино, Братство – Прилеп сити.