Други

ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА ДА БИДЕ ПУШТЕНА

Безмалку два месеца поминаа од иницијативата со петиција за повторно пуштање во употреба на Универзалната сала во Прилеп. Љубителите на спортот оттогаш наваму постојано се интересираат што е тоа што треба да се поправи, за овој објект пак да биде место каде што ќе се одржуваат разни спортски натпревари.

Дознаваме дека постои најнов став од Институтот за земјотресно инжинерство и инженерска сеизмологија. Овој Институт има изработено Стручно мислење за постојната состојба на салата врз основа на извршен визуелен преглед на објектот во 2016 година, во кое е препорачано да се стави вон употреба конзолната пешачка патека околу трибините. Во согласност со препораките од тоа Стручно мислење, изготвена била програм-понуда за реализација на неопходните активности кои треба да резултираат во дефинирање на техничко решение за санација и зајакнување на објектот, согласно со важечката техничка регулатива во земјата. Почетна активност во оваа програма е детален визуелен преглед на објектот, што ќе овозможи соодветна процена на состојбата на објектот. Напоменето е дека несоодветно и неодговорно би било изјаснувањето за можноста за користење на кој било дел од објектот, пред да се реализира споменатата програма.

Универзалната сала годинава одбележува точно 50 години од изградбата.

Од категоријата

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА ОД 11 ЧАСОТ НА РАДИО ПЕЛА

Зоран Иге

ПЕТИЦИЈА ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе