Екипата Деспина со 30:25 ја совлада Спарта, во 4. рунда на плеј-аутот од Женската лига на Македонија. Драматичен натпревар во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Прилепскиот тим водеше со 5 разлика (10:5), потоа гостинките од Скопје ги средија редовите и до крајот на полувремето израмнија (15:15). Во второто полувреме се случи пресврт за водство на Спарта со 20:17. Домашните возвратија и пак дојде до нерешен резултат. Некако израмнето и неизвесно беше до 26:25 за Деспина. Самиот финиш им припадна на прилепчанките за конечен резултат од 30:25.
Од ова коло порано се одигра мечот Астибо – Гевгелија (24:20), а во вторник е Кузман Вардар – Скопје. На табелата Шампион има 22 бода, Скопје 16, Деспина 15, Астибо 13, Гевгелија 12, Спартак 7, Кузман Вардар 0.
СЛЕДНО 5. КОЛО: Кузман Вардар – Гевгелија, Деспина – Скопје, Астибо – Шампион.