Денеска се очекуваше рутинска победа на шампионот Љуботен врз Деспина, но тоа не се случи. Гостинскиот тим од Прилеп даде силен отпор, со подобра игра во второто полувреме. Откако домашните поведоа со голот на Сара Хусеин во 2. минута, а на 2:0 зголеми Бразилката Едите Силва Пришила во 46. минута, на 2:1 намали Анастасија Илиевска во 75. минута. Во следното коло Љуботен гостува во Скопје, а Деспина дома игра со Речица.
Инаку, младинскиот дуел на двата клуба во Тетово заврши нерешено, 1:1 (Елена Костадиноска 64. – Александра Секулоска 50.).
РЕЗУЛТАТИ: Љуботен – Деспина 2:1, Ас унитед – Речица 6:2, Кочани – Скопје 0:10, Саса – Истатов 7:0, Борец – Шкендија 0:4. ТАБЕЛА: Љуботен 41, Саса 37, Ас унитед 32, Тиверија 31, Деспина 27, Скопје 26, Истатов 18, Речица 10, Шкендија 7, Борец 3, Кочани 2, Кул здравје 0. СЛЕДНО 17. КОЛО (22 април 13 часот): Деспина – Речица, Борец – Ас унитед, Шкендија – Саса, Истатов – Тиверија, Скопје – Љуботен.