Во Третата фудбалска лига – Југ се игра ефикасно, така што неретко поединци постигнуваат по три-четири гола. Во денешното 19. коло имаше два хет-трика. На мечот Слога – Вардар три гола даде гостинскиот играч Петар Ристовски. На дуелот Питу Гули – Марена три гола постигна домашниот голгетер Беким Алимоски. РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО: Локомотива – Бучин 2:1 (Агуш Шабаноски, Павле Петров – Христијан Нешковски), Слога – Вардар 0:5 (Ѓорѓи Шишков, Петар Ристовски 3, Петар Најдов), Росоман – Големо Коњари 3:1 (Бранко Стошиќ, Марко Миловановиќ, Кристијан Јованов – Михо Андреевски), Питу Гули – Марена 4:0 (Беким Алимоски 3, Ѓорѓи Стрезовски), Обршани – Превалец 0:3 (Филип Драскачев, Сашко Кочов, Живко Ѓорѓиевски).
ТАБЕЛА: Вардар 51, Питу Гули 44, Големо Коњари 37, Превалец 35, Росоман и Слога 30, Локомотива 24, Марена 21, Бучин 19, Младост 7, Обршани 3, Канатларци 2.
СЛЕДНО 20. КОЛО (30 април во 16 ч.): Младост – Обршани, Превалец – Питу Гули, Марена – Росоман, Големо Коњари – Слога, Вардар – Локомотива.