Фудбал

(фото+статистика) ПРИЛЕПСКИ ЗАЛУДНИ БАРАЊА ЗА ПЕНАЛ, ГОСТИТЕ ГИ ЗЕДОА БОДОВИТЕ!

Попладнево Победа прикажа најдобра партија пролетва, но остана пак без бод. Не го искористи киксот на Скопје кој дома изваде нерешен резултат. Прилепскиот тим денеска солидно му парираше на Работнички, тим кој собра 15 бода повеќе. Но, крајниот резултат е битен, а тој е 0:1.

Во поголемиот дел од мечот видовме рамноправна игра. Единствениот гол падна во 31. минута. По пробив и свртување одлево, во празно пред гол-линијата втрча Кире Маркоски, на кого не му беше тешко да реализира.

Во второто полувреме пак прилично рамноправна борба. Во составот на Победа свое деби имаше Србинот Миодраг Петковиќ. Тој дојде зимоска, но поради повреда не можеше да игра се до денеска. Прилепскиот тим настојуваше да дојде барем до израмнување, а скопскиот да ја зголеми предноста. Не се случи ни едното ни другото. Камерунецот од Работнички Марцелин Гандо погоди пречка, а Победа двапати очекуваше пенал во гостинскиот шеснаесетник. Прво во 76. минута изгледаше дека има борачки зафат од Стефан Деспотовски врз Андреј Кудијан, но немаше одлука за удар од белата точка. Малку потоа и Нигериецот Губам Дадет падна на истото место, но наместо пенал, доби жолт картон. Во судиското надополнување Победа притисна, имаше метеж пред гостинскиот гол по изведениот корнер. Топката се исфрли пак во корнер, но судијата не дозволи да се изведе, свирна крај. Домашните пак жестоко протестираа. Судии на овој меч беа штипјаните Крумислав Ѓорѓиев, Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев.

ПОБЕДА (3-4-3): Тофилоски – Стомнароски, Стоименовски, Хани (79. Фавахри) – Дадет, Наумоски, Аризанкоски (71. Алиу), Ферати (46. Петковиќ) – Трајкоски (71. Дујовски), Делибашиќ (79. Ф. Спиркоски), Кудијан. Тренер: Благојче Дамевски.

РАБОТНИЧКИ (4-3-3): Алексовски – Шаркоски (83. Бошковски), Ѓуриќ, Деспотовски, Аломеровиќ – Велкоски (83. Ф. Тодороски), Алими (69. Д. Тодоровски), Ангелов – Рушевиќ (69. Фетаи), Гандо (94. Мисердовски), Маркоски. Тренер: Милан Илиевски.

ЈУБИЛЕЕН МЕЧ ЗА НАУМОСКИ

Клубот Победа денеска одбележа 150 меч во црвено-белиот дрес на фудбалерот Јорданчо Наумоски. Пред почетокот на мечот кога беше објавена информацијата, одекна аплауз од трибината.

Наумоски ќе имаше и многу поголема бројка одиграни натпревари, но есеноска воопшто не настапи, поради повреда.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Работнички 0:1, Силекс – Македонија ЃП 1:0, Тиквеш – Шкупи 0:0, Скопје – Академија Пандев 1:1. ВЧЕРА: Брегалница – Шкендија 0:1.

TАБЕЛА: Струга 53, Шкендија 50, Шкупи 46, Силекс 43, Брегалница 36, Македонија ЃП 33, Тиквеш и Работнички 31, Академија Пандев 23, Скопје 19, Победа 13.

СЛЕДНО 29. КОЛО (среда, 26 април, 16 ч.): Академија Пандев – Победа, Македонија ЃП – Скопје, Струга – Тиквеш, Шкупи – Брегалница, Шкендија – Силекс.

Од категоријата

ВО ПРИЛЕП ДОАЃААТ ТАЛЕНТИ ОД СРБИЈА!

Зоран Иге

ИНТЕРЕСНО Е САМО ПРВЕНСТВОТО?

Зоран Иге

(фото+видео-извештај) ПО ДЕЦЕНИИ БОРБА, ДЕНЕСКА ВЛЕГОА ВО ТРЕТА ЛИГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе