Првпат во Прилеп се претставија Битолскиот дувачки оркестар и оркестарот на Државното музичко училиште од Битола со нешто сосем ново, најпознатите музички теми од најпопуларните цртани и играни филмови.
Во големата сала од НУЦК “Марко Цепенков” Прилеп, се изведоа најпознатите музички теми од Кралот Лав, Фрозен, Пинк Пантер, Пиратите од Карибите, Аладин, придружени со видео проекција.
Публиката составена од родители и деца беше презадоволна и со громогласен аплауз ги награди музичарите.
Во следното видео погледнете дел од концертот: