Чуден тим е Питу Гули во последниве пролетни кола на Третата лига – Југ. Дома е многу силен тим (го совлада и лидерот Вардар), но на гости губи со многу разлика. Денеска прими дури 6 гола во Велес. А се работи за вториот на табелата.
РЕЗУЛТАТИ 20. КОЛО: Младост – Обршани 0:4 (Антонио Димоски 2, Никифор Ујгуноски, Дарко Евтимџиоски), Превалец – Питу Гули 6:0 (Сашко Кочов, Гоце Коцевски, Кристијан Маневски 2, Пеце Стојанов 2), Марена – Росоман 2:0 (Роналдо Фазлиов, Армен Мемедов), Големо Коњари – Слога 1:0 (Бојан Касниоски), Вардар – Локомотива 8:0 (Пане Гогов, Ѓорѓи Шишков, Петар Ристовски 4, Дарко Нацев, Кирил Неделков).
ТАБЕЛА: Вардар 54, Питу Гули 44, Големо Коњари 40, Превалец 38, Росоман и Слога 30, Марена и Локомотива 24, Бучин 19, Младост 7, Обршани 6, Канатларци 2.
СЛЕДНО 21. КОЛО (7 мај 17 ч.): Вардар – Бучин, Локомотива – Големо Коњари, Слога – Марена, Росоман – Превалец, Питу Гули – Младост.