Масовен беше турнирот во забрзан шах „Гран-при Пелагонија 4“ во Прилеп, во Мултикултурниот центар „Тризла 1“. Учествуваа 52 шахисти од цел регион. По 9 одиграни кола по Швајцарски систем, првак е Горан Готовуша со 7,5 поени (1 пораз, 1 реми, 7 победи), пред битолчанецот Марјан Христовски со 7 поени (1 пораз, 2 реми, 6 победи).
Ист број поени (7) освои и ИМ Тони Кироски, а по 6,5 Дејан Ѓорѓиески и Кире Николоски. Најдобропласирана шахистка е прилепчанката со потекло од Полска, Јустина Дутка на 19. место со 5 поени.
Организатори беа клубовите Прилеп и Пелагон.