Кошарка

КОШАРКАТА НАМЕСТО В САБОТА, В НЕДЕЛА!

Претстојниот викенд е полуфиналето од плеј-офот за влез во Втората кошаркарска лига на Македонија. Екипата Мега баскет (Прилеп) игра со Маџари (Скопје). За овој дуел владее големо интересирање, се очекува многу публика. За сите што ќе дојдат во салата од ООУ „Добре Јованоски“ информацијата дека настанот наместо в сабота, ќе биде в недела од 17 часот.

Потсетуваме, двата тима беа убедливи во четвртфиналето. Мега баскет постигна две победи – дома (109:39) и на гости (65:49)  со Младинец (Скопје), а и Маџари две победи – дома (80:56) и на гости (74:56) против Гостивар 2. Во клубот Мега баскет собраа информации за квалитетите на Маџари, кого го гледаа на првиот четвртфинален меч. Оттаму сметаат дека се работи за мошне добра, искусна екипа, но не и непобедлива, споредувајќи ги квалитетите со Мега баскет.

Полуфиналето е исто како финале, бидејќи поуспешниот тим (оној кој ќе стигне до две победи) станува второлигаш.  

Од категоријата

(видео, фото, состави) ДВЕ МЕГА-ТРОЈКИ И ДВА БОДА ЗА ПЛЕЈОФ!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА РАКОМЕТ И КОШАРКА НА ИСТО МЕСТО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(ВИДЕО) САМО МЕГА БАСКЕТ Е БЕЗ ПОРАЗ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе