Салата во ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп беше преполна пред две недели кога се одигра првиот четвртфинален меч Мега баскет – Младинец, од плеј-офот за пласман во Втората кошаркарска лига на Македонија. Ако тогаш беше полна, попладнево (17 ч.) ќе биде преполна, со оглед на тоа што се игра првиот полуфинален дуел Мега баскет – Маџари. Оттука, препорачливо е љубителите на кошарката совреме да дојдат во салата и да си обезбедат седиште. Салата е со капацитет за околу 400-500 гледачи.
Мечот ќе го води искусна судиска тројка – Алија Феревски, Александар Ѓорески и Блаже Лазов, а делегат е Драги Бошков.