Во плеј-офот за пласман во Втората кошаркарска лига на Македонија ќе има и трет меч, во Прилеп. Така е затоа што предмалку во Скопје Мега баскет со убедливи 74:59 го совлада Маџари. Прилепчаните вратија со камата за поразот дома во неделата со 79:83.
Според ова, третиот меч, т.н. „мајсторка“ ќе се одигра в сабота (19 ч.) во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп.