Вечерва (19 ч.) да беше и салата „Македонија“ ќе се наполнеше, камоли салата во ОУ „Добре Јованоски“. Прилепчаните го сакаат спортот, ја сакаат кошарката и сигурно дека сите седишта и места на трибината ќе бидат исполнети за преубав амбиент на мечот-мајсторка Мега баскет – Маџари од полуфиналето на плеј-офот за влез во Втората лига на Македонија. Кој победува – станува второлигаш.
Претходно беа два меча – во Прилеп победи Маџари, во Скопје возврати Мега баскет.