Фудбал

НЕ Е КРАЈ, ИМА УШТЕ 4 МЕЧА НА ГРАДСКИ!

Првенството во Првата фудбалска лига претходнава недела заврши, но тоа не значи крај на фудбалските возбудувања. Фудбалските љубители имаат можност да уживаат во 4 „нокаут“ натпревари на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Станува збор за традицијата на ОФС Прилеп за убава завршница на првенствата од општинските лиги.  Според тоа, прво претстои плеј-офот од А-лигата. Во првото полуфинале, в сабота (15 ч.) е мечот на второ и третоласираната екипа, Мукос (Дреновци) – Стрела (Ерековци). В недела (16 ч.) е дуелот меѓу прво и четвртопласираната, Кадица (Забрчани) – Влазними (Пресил). Финалето е в среда од 16 часот, каде победникот станува член на Третата лига – Југ.

Првакот од Б-лигата Напредок (Крушеани) е ранг погоре, а второто Боротино в недела (10 ч.) игра бараж со претпоследната од А-лигата,Тризла.

Од категоријата

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ „ЧИН-ЧИН КУП“ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(резултати, состави, стрелци) СИЛЕН УДАР ЗА БОД ОД СКОПЈЕ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ЛИДЕРОТ СЕ ИЗВЛЕЧЕ ВО 83. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе