Кошарка

СИНОЌА ЗАГУБИЈА, ПОБЕДИЈА КОГА НАЈМНОГУ ТРЕБАШЕ!

Екипата на тетовски Тетекс е првак во третолигашката кошаркарска конкуренција, по синиќешната победа од 68:56 над прилепски Мега баскет. Во салата „Кале“ во Скопје прилепскиот тим не ги покажа претходните изданија, а една од причините се повредите кај неколку играчи. Сепак, поразот не е многу битен, бидејќи Мега баскет победуваше токму кога најмногу требаше – во основниот дел од првенството и во четвртфиналето и полуфиналето од плеј-офот, кога се обезбеди со второлигашки статус. Синоќешниот беше трет дуел на двата ривала. Претходно, во Тетово беше 71:65 за Тетекс, во Прилеп 93:84 за Мега баскет.

Тетекс и Мега баскет ќе се сретнат и наесен, во првенството од Втората лига на Македонија.

Од категоријата

КУМАНОВО ЈА ПОЛНИ САЛАТА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА РАБОТНИЧКИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

МЕГА БАСКЕТ ПОБЕДИ И ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе