Успешен крај за Прилеп во плеј-офот од Супер лигата. Вечерва Прилеп – Голден арт 31:25, полувреме 18:10. Прилепскиот тим убедливо го совлада лидерот на табелата од Скопје. Најефикасни: Антонио Бурчески, Грузијците Уча Гамзардија и Мириани Гавашелишвили по 5 гола, Симон Мирчески и Давор Шокоски по 4. Екипата на тренерите Реваз Чантурија и Рубин Лашкоски се искачи до третото место, што значи опстанок во Супер лигата.
ПОСЛЕДНО КОЛО: Прилеп – Голден арт 31:25. УТРЕ: Струга – Јуниор КВ, Скопје – Радовиш, Вардар – Куманово.
ТАБЕЛА: Голден арт 33, Струга 27, Прилеп 25, Куманово 24, Скопје 21, Јуниор КВ 18, Вардар 16, Радовиш 2.