Екипата на Деспина со 3:2 го совлада Истатов во Скопје, на денешниот меч од 21. коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија. Прилепскиот тим одлично почна и до 64. минута поведе со 3:0 со головите на Јана Чубриноска, Настасја Накова и Србинката Николина Батиниќ. Домашниот тим успеа да го ублажи поразот со двата гола на Кристина Петрушевска, во 73 и 82. минута. Со трите бода Деспина се искачи до 4. место од табелата, каде и ќе остане до крајот, со оглед на тоа што петтиот Ас унитед во последното коло нема настап.
РЕЗУЛТАТИ: Истатов – Деспина 2:3, Тиверија – Ас унитед 4:2, Борец – Љуботен 0:8, Шкендија – Речица 0:3, Саса – Кочани утре, Скопје слободна.
ТАБЕЛА: Љуботен 53, Саса 47, Тиверија 44, Деспина 37, Ас унитед 36, Скопје 32, Истатов 21, Речица 16, Шкендија 10, Кочани 5, Борец 3, Кул здравје 0.
ПОСЛЕДНО 22. КОЛО (31 мај): Деспина – Шкендија, Скопје – Истатов, Речица – Борец, Љуботен – Саса, Кочани – Тиверија, Ас унитед слободна.