Фудбал

В САБОТА ПРВОЛИГАШ ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Претстојниот викенд е празен во поглед на фудбалските првенства, така што е можност за пријателски натпревари. Таа можност ја користи второлигашот Победа, тим кој закажа дуел со прволигашот Тиквеш од Кавадарци. Можност за тестирање на играчкиот кадар кај тренерите Јане Николоски и Гордан Здравков. Мечот е најавен за в сабота на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, а часот дополнително ќе биде одреден. Интересно е што за Тиквеш настапува прилепчанецот Благоја Спиркоски.

Победа есенва има два пораза (2:1 од Брегалница во Штип и 3:0 од Македонија ЃП во Скопје) и една победа (5:0 дома со велешки Борец), додека Тиквеш е со два пораза (1:0 во Струга, 1:0 од Беса во Гостивар) едно реми (0:0 дома со Гостивар) и една победа (2:1 дома со Воска од Охрид).

Од категоријата

(резултати, состави) ПОБЕДА ОПСТАНОК ЌЕ БАРА ПРОТИВ ПРВОЛИГАШОТ!

Зоран Иге

ПОБЕДА: ДВАЈЦА СО ИСТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ!

Зоран Иге

ЧЕТИРИ ГОЛА НА УТРИНСКИОТ ПРВ ТРЕНИНГ-МЕЧ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе