Карате

(фото, список наградени) ПРИЛЕП: ТРЕНИНГ СО ЛЕСНОТИЈА И ВО ОСМАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ЖИВОТОТ!

Во Прилеп, во ООУ „Гоце Делчев“, се случи Четвртата средба на Унијата на карате-ветерани на Македонија. Присутни: мнозинството од над 180 членови, од повеќе македонски градови. Средбата организирана од најактивните во прилепската секција, Љубен Кафеџиоски – Кафето, Златко Пирганоски – Пиргано и Славе Ѓорески, мошне разновидна и интересна со содржини, многу активности – поздравни говори, прикажување документарен филм со изјави на спортски новинари, доделувања данови – степени, дипломи, признанија,  плакети и благодарници, како и ревијален карате- тренинг. Најголемото внимание насочено кон гостинот од Србија, карате-легендата, 75-годишниот Душан Маринковиќ – Маре (носител на 10. дан), кој го раководеше ревијалниот карате-тренинг заедно другите легенди, д-р Чедомир Саздовски, претседателот на Унијата и Љубен Кафеџиоски, виш спортски тренер, селектор на ветераните во кумите.

– Благодарен сум на Унијата за поканата да дојдам и можноста да бидам со моите драги колеги, со кои доста години поминав развивајќи го југословенското, во тие рамки и мекедонското карате. Преку вакви средби, преку разговори и сеќавања, преку тренинг-вежби, верувам дека ќе поттикнеме почесто влегување в сала, ширење на тој наш карате-спорт, кој сите толку многу го сакаме – рече во воведот, Маринковиќ.

Популарниот Маре откри дека овде доаѓа по долги 40 години, но и покрај тоа спомна толку многу имиња и презимиња на овдешни каратисти и каратистки, како секој ден да е тука. Како што вели – некои луѓе и приватно и службено се незаборавни. Зборуваше за првите средби со Венцислав Недев, Димче Кически, Сејдо Тофиловски, Мирче Опеловски, Лујза Гашева, па за Чедомир Саздовски, за Љубен Кафеџиоски, Славе Ѓорески, Златко Пирганоски и другите прилепчани… Со сите нив беше во Винарија „Пирган“ сопственост на Пирганоски, потоа и на срдечна средба и во просториите на Агенцијата за обезбедување „МК“, сопственост на Кафеџиоски.

– Саздовски, Кафеџиоски, Пирганоски, Ѓорески… Тоа се луѓе академски образовани и верни на каратето. Се радуваат на вежбањето карате. Тоа е нештото што го држи ова меѓународно движење. Сакаме дружење, разговори, навраќања на убавите спомени, сакаме често да сме заедно. Дај Боже да трае многу долго оваа Унија на карате-ветерани на Македонија – истакна гостинот.

Според програмата, покрај контактите со градоначаникот на Прилеп д-р Борче Јовчески, неговиот заменик Диме Бозоски и претседателката на Советот Ирена Стерјоска – Локвенец, имаше посета на Крушево и средба со градоначалникот на Крушево м-р Томе Христоски, посета на Могилата во Прилеп, прошетка низ Старата чаршија, така што дружењето на карате-ветераните беше до доцна вечерта. 

Следната средба на Унијата ќе биде во Штип.

ПОЧИТ ЗА ВЛАДИМИР ЈОРГА

 И на средбата се спомна името Владимир Јорга, големиот каратист од времето на Југославија, кој пред две недели го напушти овој свет. Имаше едноминутно молчење во негова чест и во чест на сите други починати каратисти од овие простори.

На собирот беа интонирани и две химни – македонската и српската.

МНОГУ ЛЕГЕНДИ НА ЕДНО МЕСТО

Гости меѓу каратистите-ветерани имаше од многу македонски градови: Скопје, Штип, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Велес, Кочани… Секако, најбројни беа од Прилеп. Легенда до легенда: Кирил Иваноски – Дрцко, Петар Чешелкоски – Чешело, Розе Седлоска, Владо Камчески, Лазе Бумбароски, Трајче Димоски… А од далечна Австралија дојде и Наум Трајкоски.
Имаше и гости од џудото – Елизабета Сурлаџија и Славе Димитриоски.

МАКЕДОНСКИОТ СТАТУТ КОН БЕЛГРАД

Гостинот Душан Маринковиќ информираше за иницијативата да се формира Унија на карате-ветерани и во Србија. Кон таа цел е и неговото барање да го добие Статутот од македонската Унија. Овој документ ќе биде пример за оформување на Статут на српската Унија.

Претседателот на македонската Унија д-р Чедомир Саздовски соработката ја прифати со задоволство.

НАГРАДЕНИ

На Четвртата средба се доделија разни награди. Еве го комплетниот список на наградените: Лазо Бумбароски (признание 4 дан шотокан, златен трофеј, табло – признание за прилепски карате-ветерани), Златко Жоглев (признание 6. дан шотокан), Димитар Кашиков – (признание 3. дан вадорју), Горан Алексовски – Конти (признание), Ордан Спасески (плакета 2. дан шотокан), Ирена Стерјоска – Локвенец (благодарница, 2. дан вадорју), Венера Чешелкоска – Накова (благодарница, 2. дан вадорју), Марија Гаралоска (благодарница, 2. дан вадорју), Дејан Секулоски (благодарница, 2. дан шотокан), Емил Николоски (1. дан шотокан), Игор Тошески (1. дан шотокан), Мартекс-Прилеп (благодарница), Зоран Пајтонџиев (плакета), Никола Петрески – Џон (плакета), Зоран Игески (плакета), Димче Тодоровски (плакета), Влатко Кузманоски (благодарница), д-р Борче Јовчески (благодарница), м-р Томе Христоски (благодарница), Ага шериф – Скопје (благодарница).

СПОРЕДБА: СЕГАШНОТО СО НЕКОГАШНОТО КАРАТЕ

-Денешново карате повеќе се приближува кон олимписките идеи на Пјер де Кубертен – побрзо, повеќе, посилно, подалеку. Сметам дека на тој начин се губи менталниот аспект на каратето, аспект кој некогаш беше доминантен. Затоа ние на дружбиве наши го негуваме тоа некогашно карате, со психофизички аспекти, а не само физички – вели Душан Маринковиќ – Маре, кому не му се напушташе Прилеп, па дури третиот ден – во понеделникот, си замина за Аранѓеловац. 

Од категоријата

ЛЕГЕНДИТЕ ОД 20 ВЕК АКТИВНИ И ДЕНЕС!

Зоран Иге

(фото, видео) ПРИЛЕП ГИ СОБРА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ЛЕГЕНДИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ТЕОДОР СТОЈАНОСКИ Е МАКЕДОНСКИ ШАМПИОН И ПОТЕНЦИЈАЛЕН ПАТНИК ЗА ЕВРОПСКО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе