Фудбал

СО ЖДРЕПКА КОМПЛЕТИРАНА Е ВТОРАТА ЛИГА СО 16 ТИМА!

Ждрепката во Фудбалската федерација на Македонија ја комплетира Втората фудбалска лига со 16 тима. Покрај довчерашните прволигаши Скопје и Победа (Прилеп), второлигашите Пелистер (Битола), Детонит (Радовиш), Беса и Аресими (Гостивар), Охрид, Кожуф (Гевгелија), Беласица (Струмица), Караорман (Струга), Саса (Каменица) и Тетекс (Тетово), тука се бившите третолигаши кои победија во бараж-мечевите Вардар (Неготино) и Башкими (Куманово), како и поразените од тие натпревари кои беа извлечени денеска на ждрепката, Осогово (Кочани) и Новаци. Така, немаше среќа, па и понатаму ќе биде третолигаш Велазерими (Кичево).

Почетокот на првенството се очекува да биде во првата половина од август.

Од категоријата

КАКО ЌЕ СЕ СНАЈДЕ ЖЕНА НА МЕЧОТ ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА?

Зоран Иге

ПЕЛИСТЕР ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

В СРЕДА ПОБЕДА СО НОВИОТ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе