На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ретко, мошне ретко се случува да настапат пионерски фудбалски екипи. Тие обично играат на игралиштето со вештачка трева. Меѓутоа, утре (среда) двата меча Победа – Македонија ЃП од лигите за помлади и постари пионери ќе бидат токму на стадионот. Така е поради термините во 13 и 15 часот со кои се навлегува во терминот за мечот од Првата женска лига, Деспина – Шкендија, закажан за 16 часот. Значи, женскиот дуел останува од 16 часот на вештачката трева, а пионерските мечеви се од 13 и 15 часот на Градскиот стадион.
Дуелите на кадетските и младинските екипи Македонија ЃП – Победа се в четврток, во Скопје.