Фудбал

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ТРИПАТИ СО РЕД ИГРА ДОМА!

Долгите три недели пауза, поради настапите на А-репрезентацијата, Младинската до 18 години, како и Аматерската репрезентација, го изменија редоследот во Втората фудбалска лига на Македонија. Така, наместо четвртото, прво се игра петтото коло. Според тоа, екипата Победа в недела (15 ч.) гостува кај Беласица во Струмица, а в среда (15 ч.) дома игра со тетовски Арсими, во рамките на четвртото коло. Потоа, в сабота на 28 септември (14 ч.), е мечот дома со Охрид, од шестото коло. И четири дена потоа (2 октомври во 14 ч.) Победа е домаќин, го игра мечот од 16-финалето за Купот, против прволигашот Гостивар. Значи – по мечот со Беласица, прилепскиот тим трипати со ред игра дома. 

ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Брегалница  9, Кожуф 7, Арсими, Башкими и Новаци 6, Скопје 5, Вардар Н. и Детонит 4, Победа 3. Беласица и Вардарски 2. Саса, Осогово и Охрид 1, Борец 0.

 

Од категоријата

ПРИЈАТЕЛСКИ КРАЈ!

Зоран Иге

ПОБЕДА СО КОГО И КАДЕ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ В ПОНЕДЕЛНИК!

Зоран Иге

ПОБЕДА ПО ДОЛГИ ОСУМ ГОДИНИ ГО ЧЕКА ТЕТЕКС ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе