Младиот фудбалски судија Влатко Илиоски, кој од оваа 2025 година е на ФИФА-листата на главни судии, синоќа го имаше својот прв меѓународен натпревар. Во рамките на Конференциската лига на УЕФА, како главен судија го судеше натпреварот Биркиркара (Малта) – Петрокуб (Молдавија). Во неизвесен натпревар со 8 жолти картони, победија домаќините со 1:0, иако гостите беа како фаворити. Дознаваме дека од контролорот на судењето, кој беше од Луксембург, има позитивни коментари и се чека нов предизвик во Европа за Илиоски.
Успешно деби и преставување на Македонија и Прилеп во фудбалска Европа.