Фудбал

КОЈ Е СТАВОТ НА ТРЕНЕРИТЕ И ИГРАЧИТЕ?

Некогаш членовите на спортските клубови сами бараа да дадат мислења, изјави во врска со натпреварите, успесите или неуспесите, како и со состојбите во клубовите. Немаше технологија, мобилни телефони и компјутери, ниту портали, ама доволни беа весниците и радиостаниците за јавноста да го прочита или слушне ставот на некои играчи или тренери. Сега има секаква технологија, но новостите, а особено мислењата, ставовите по одредени прашања се ретки или воопшто ги нема.

Победа имаше тешка сезона 2022-23, во која отпадна од Првата лига. Не е пропаст на светот, оти некој тим мора да отпадне. Оттука, природно беше да има детална анализа за тоа што беше, да се видат добрите и лошите страни, да се укаже на проблемите. Само низ добронамерна дискусија, размена на мислења, може да се оди напред. Меѓутоа, ниту во текот на првенството, ниту потоа, во летната пауза, нема ништо од никого. Ниту тренерите се огласија, ниту играчите. А тие беа директно инволвирани, и тие најдобро знаат што се случуваше во клубот – на тренинзите и натпреварите.

Во меѓувреме се уште е тивко и се чека што ќе се случи со намерата на домашен бизнисмен да влезе во клубот, доколку се исполнел условот што го поставил – да формира свој тим за водење на Победа.

 

 

Од категоријата

И САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ БЕШЕ МАЛА, КАМОЛИ УЧИЛИШНАВА

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ БИСЕР АРИФИ ПАК ДАДЕ ГОЛ, НА ПЕЛИСТЕР!

Зоран Иге

ПРОЛЕТВА НЕ ЗНААТ ШТО Е ПОРАЗ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе