Фудбал

ПЕХАРИ ЗА МАНЧЕСТЕР СИТИ И ПРИЛЕП СИТИ ВО ИСТ ВИКЕНД!

Во саботата европски шампион стана Манчестер сити, а во неделата победник на турнирот во Лознани, Битолско, стана Прилеп сити. Тоа беше Третиот меморијален фудбалски турнир во чест на Николче Атанасовски. Во полуфиналето домашниот Хајдук со 4:0 го совлада  тимот Стрела од Могила, а Прилеп сити со 2:0 беше подобар од Вашарејца. Во финалето Прилеп сити со 1:0 го победи Хајдук и го освои победничкиот пехар. Честитки за Прилеп сити, со тренерот и сопственик на клубот Коста Мирчески.

Екипите Хајдук, Вашарејца и Стрела се од А2 Општинската лига на ОФС Битола, Прилеп сити од Општинската Б-лига на ОФС Прилеп.

Од категоријата

ПОДДРШКА ЗА ПОБЕДА ОД ЛОНДОН!

Зоран Иге

ГАРВАН „ЛЕТНА“ ВО ФИНАЛЕ

Зоран Иге

ДЕНЕСКА А. ПАНДЕВ ПРВПАТ НА ГРАДСКИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе