Се смета дека се што поминало барем десетина години, веќе станува историја. Летото 2013 година во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа средба на Иницијативниот одбор за спас на клубот Победа јуниор со сите сограѓани на кои им е на срце популарниот клуб и бренд. Околу 300 присутни дискутираа, нудеа решенија за продолжување на животот на второлигашот. Иницијаторите, навивачите Дејви Спиркоски и Блаже Димоски со спортскиот работник Горан Апостоловски, бизнисменот Јовица Релушкоски, новинарите Миле Талески и Петар Димоски, информираа дека приватниот клуб Победа јуниор е во немоќ да ја уплати котизацијата за Втора лига, а актуелната управа на чело со Орде Мисиркоски е расположена да го отстапи местото на нови луѓе, кои ќе се обидат да ја санираат состојбата.
Предложени беа повеќе модели – од ставање под капа на Локалната, внесување нова давачка за оваа намена во комуналните сметки, посета на најголемите прилепски фирми, до акционерско здружување. Во меѓувреме, 20 првотимци на Победа јуниор на стадионот „Гоце Делчев“ секојдневно тренираа под водство на тренерот Златко Петрески.
По три тешки сезони, Победа во 2016/17 беше прволигаш.