Пинг-понг

ПРИЛЕП СЛАВИ: ПЕХАРОТ ОСВОЕН ВО СКОПЈЕ!

Титулата државен екипен шампион на Македонија во пинг-понг е за Младост 96. Прилепскиот тим денеска со 4:3 го совлада Телеком нец 2 во Скопје, и со 2:0 во победи во финалето од плеј-офот стигна до пехарот. Две партии денеска доби Србинот Ѓорѓе Борчиќ, една Петар Костовски, последната двојката Борчиќ / Костовски. Потсетуваме, вчера, на првиот меч во Прилеп беше 4:1. Успехот е колективен – на играчите, Ѓорѓе Борчиќ, Петар Костовски, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, како и на отсутните денеска Александар Рикалоски и Раиф Рустемовски, на тренерот Гоце Тошески и Управниот одбор предводен од Марјан Матракоски и Златко Рикалоски.

Младост 96 вторпат е шампион, по 2021 година, кога во финалето го совлада Младост.

Од категоријата

СОВЕТОТ НА ЃОКОВИЌ КАЈ НАШАТА СОФИЈА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ И НАНЕСОА ПРВ ПОРАЗ НА КРИВА ПАЛАНКА!

Зоран Иге

НОВ ТРЕНЕР ВО ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе