Според објавата на Фудбалската федерација на Македонија, од денеска (15 јуни) почнува преодниот рок. Почнува можноста за преселба на фудбалерите од еден во друг клуб или за продолжување на договорите, т.е. за останување во истата средина. Вниманието на прилепската јавност е свртено кон второлигашот Победа. Кои играчи ќе останат, кои ќе заминат, колкумина ќе дојдат? Кој ќе биде шеф на Стручниот штаб?
Преодниот рок е до 6 септември.