70 години ракомет во Прилеп

ПРВО ПРВЕНСТВОТО ПОЧНА, ПА КЛУБОТ СЕ ФОРМИРА!

Којзнае дали некогаш се случило, но тогаш се случи. Доцна есента, дури на 25 октомври 1992 година својот прв настап во Втората женска ракометна лига на Македонија го имаше Металотехника. Само пред некој ден формиран клубот, а првенството почнато пред цел месец со 9 тима.

Прилепскиот клуб упати барање за вклучување во лигата, со согласност на сите учесници. Тие веројатно сметаа дека новиот клуб нема да игра некоја значајна улога, нема да им ги наруши сметките и ќе служи како „топовско месо“.  Забрзано беа одиграни 3 заостанати меча и тие од редовните кола, освен еден. Есента билансот беше 4 победи, 1 нерешен меч загубен на пенали и 3 пораза, за 5. место со 8 бода, 5 помалку од втората Партизан Копачка од Кичево, 6 помалку од првата Железарка од Скопје. Пролетта беше одигран заостанатиот натпревар, па уште девет од редовните кола. Во тој период од почетокот до крајот беа наредени сите 10 победи, за 28 бода и 2. место за пласман ранг погоре, Првата лига.  

Поради немање сала за тренинзи (се запали салата „Македонија“, а Универзалната со сите термини зафатени), Металотехника не можеше да се одржи, променувајќи го името во Делфина, па во Прилеп.

Од категоријата

ЗА НАВИВАЧИТЕ ЕМ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ, ЕМ БОНБОНИ!

Зоран Иге

СУДИЈА ПОБАРА ОТШТЕТА ЗА ОШТЕТЕНО СВИРЧЕ!

Зоран Иге

ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ОД УРНАТИНИТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе