Шампионот на Бизнис лигата во пинг-понг е Мермерен комбинат кој во два возбудливи и драматични натпревара, најнапред во полуфиналето, потоа и во финалето победи со идентични 4-3.
Полуфинале: КН Елмонт-Синдикат на АД МЕПСО 4-2, Црна Река петрол- Мер-Ком 3-4. За 3. место: Синдикат на АД МЕПСО -Црна река Петрол 2-4. Финале: КН Елмонт- Мер-Ком 3-4
Честитки за победникот и за организацијата на лигата, каде на најдобрите беа доделени пригодни награди – пехар и медали. На најдобрата екипа и припадна и главната награда – викенд во Црна Гора. За Мермерен комбинат настапија: Александар Штаргоски, Звонко Тодороски и Александар Чадамовски.
Минатата година прв победник беше Црна Река петрол.