Ракомет

УШТЕ ЧЕТИРИ-ПЕТ ЗАСИЛУВАЊА ВО РК ПРИЛЕП!

По убавата вест – компанијата „Комфи ангел“ стана генерален спонзор на Ракометниот клуб Прилеп, околу неколку прашања побаравме став од клупскиот претседател Александар Мариновски.

Споредено со минатата сезона, овој договор за спонзорство каков ефект ќе има врз финансиите?

– Пред се, направивме голем исчекор напред, и со ова ќе бидеме многу постабилен клуб во наредните години.

Играчкиот кадар?

– Како што е познато, оваа година им завршија договорите на многу играчи. Некои останаа верни на клубот. Веќе доведовме прави засилувања (голманот Давид Ацевски од Јуниор КВ, пикерот Томче Трајчевски од Радовиш и левиот бек Никола Цветаноски од Струга), и сигурно ќе имаме уште 4-5 нови во најкус можен рок.

Најавивте нов шеф на Стручниот штаб?

– Тренерот набргу ќе се знае. Ќе одбереме таков којшто ќе може да го извади максимумот од играчите, да може да остави трага за во иднина.

Амбициите?

– Да нападнеме на плеј-офот. Но, сепак, за наша несреќа, имаме тешка група (со Вардар С., Пролет, Мултиесенс, Бутел, Голден арт, Еурофарм Пелистер и Вардар Н.) каде секој меч ќе биде исцрпувачки, но секако дека секогаш ќе одиме на победа.

Од категоријата

ПРИЛЕП СО ТРИ ТЕСТА ВО ПРЕСРЕТ НА ПЛЕЈ-АУТОТ!

Зоран Иге

ДОБРО И ЛОШО ПОЛУВРЕМЕ ЗА ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПОЧНУВА В ПОНЕДЕЛНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе