Женскиот фудбалски клуб Деспина во иднина ќе го носи името ЖФК Цевитана, според популарниот безалкохолен пијалок. Измената е паправена по одличната сезона во Првата женска фудбалска лига на Македонија, каде е освоено високото 4. место, значителен прогрес во однос на 8. место пред една година.
Претстојат подготовки за следното првенство, кое обично почнува во почетокот од септември.