Преодниот рок е во тек од 15 јуни наваму, но според искуството од минатото, дури и спроти стартот на првенствата (6 август за Првата, 12 август за Втората лига) може да се очекуваат многу новости. Во таа насока информации има и од прилепскиот второлигаш Победа. Оттаму откриваат дека се во преговори со тројца играчи. За деталите веројатно повеќе ќе се знае од сабота натаму.
Во врска со актуелниот играчки кадар, од клубот сметаат дека го задржале костурот на екипата со неколку поискусни фудбалери. Задоволни се што младинците одлично се вклопуваат – ги истакнуваат Димитри Кочоски и Давид Дебрешлиоски.
По двапати тренинзи дневно, денешниот е слободен ден, утре и в петок работата продолжува, а в сабота е четвртиот пријателски меч летово, дома со битолски Пелистер.