Шах

НА ПРИЛЕП МУ ПОДМЕТНАЛЕ ПОГРЕШЕН СОСТАВ – СО АЗЕРБЕЈЏАНЕЦ, ЕГИПЌАНЕЦ, ГЕРМАНЕЦ, УКРАИНЦИ И ФРАНЦУЗИ!

Екипата од ШК Прилеп од 30 септември до 8 октомври ќе учествува на Европскиот шаховски  клупски куп во Драч, Албанија. Во врска со ова на официјален шаховски веб-сајт најавен е многу силен состав на клубот, со осум велемајстори – Азербејџанецот Шахријар Мамедјаров (рејтинг 2747 поени), Египќанецот Басен Амин (2684), Германецот Денис Вагнер (2589), Украинците Антон Коробов (2663), Јуриј Криворучко (2656), Сергеј Федорчук (2586), Французите Себастјен Мазе (2546) и Фабиен Либижевски (2502). Вака рангиран е на високото 4. место, меѓу 83 тима од 54 држави. Но, од клубот Прилеп демантираат дека имаат таков состав. Оттаму најавуваат можни играчи од странство, но досега го немаат утврдено конечниот список. Најверојатно во тимот ќе има место и за прилeпчани, Македонци, покрај странци.

Клубот Прилеп, вицешампион на Македонија, во Европскиот клупски куп (пандан на фудбалската Лига на шампионите) првпат учествуваше во 2021 година, во Струга, каде го освои 14. место.

 

Од категоријата

ПРИЛЕП СО ДВА ПРВОЛИГАША

Зоран Иге

ЗБОГУМ ЗА ОСВОЈУВАЧОТ НА КУПОТ

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ УСПЕШНИ ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе