Ракомет

И НА 39 ГОДИНИ ЌЕ ИГРА ЗА ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ!

Во спортот вредности се возраста и долгата кариера. Ракометарката Мери Гичева е со долга кариера од над 20 години, а неа не ја завршува и покрај тоа што има наполнето 39. Летово таа од Косово се врати во родниот Прилеп и ќе игра во Деспина, екипа член на Супер лигата на Македонија. Нејзиното богато искуство (беше членка на Тутунски, Жито Прилеп, во Косово, Романија…) е добредојдено во составот каде доминира младоста. Покрај играч, таа ќе биде и тренер, во Младинската школа од клубот.

Значајно за Деспина е што има и други повратнички.

– Имаме старо-нови играчи, како Ангела Камческа, Сања Цветкоска, Евгенија Цаневска, Лилјана Димитрова, Елена Рипилоска. Тука се и кадетските репрезентативки Магдалена Ѓорѓиоска, Маја Ристеска, Андреа Конеска, Симона Спиркоска, како и досегашните првотимки Весна Христоска, Михаела Стојкоска, Мери Спиркоска, Ивона Ристевска – информира Зоран Спиркоски, секретар на ЖРК Деспина.

Тренер на сениорките и натаму е Страшо Илиески.

Од категоријата

ПРВПАТ ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА

Зоран Иге

ДЕНЕСКА ДВА РАКОМЕТНИ МЕЧА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

РАЗДЕЛБА СО ЧОВЕКОТ АКТИВЕН ВО ПОВЕЌЕ СПОРТОВИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе