Фудбал

ЕХ, ДА ИМАШЕ ВАР-СИСТЕМ ВО КУМАНОВО…

Во Куманово екипата Победа со 2:1 загуби од Башкими, во 2. рунда од Втората фудбалска лига. Иако во скромно издание, прилепскиот тим можеше до бод. По единствениот гол на Беким Алимоски во 78. минута, истиот играч имаше шанса за израмнување, но голманот одбрани. Исто така, спорен е вториот гол за кумановците во 61. минута, бидејќи стрелецот Егзон Азири на сликата од снимката како да е во офсајд. Од ФФМ излегоа со следната анализа:

„61. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (за недосудено офсајд позиција за домашната екипа – гол регуларен) Играч од домаќините додаде топка до свој соиграч кој се наоѓаше десет метри во полето на гостите и во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите, соиграчот ја прими топката, ја поведе и постигна гол. Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен (нема офсајд позиција), бидејќи во моментот кога му беше додадена топката од соиграчот, играчот на домаќините кој постигна гол се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од гостинската екипа.“

Сигурно дека да имаше ВАР-цела јавност ќе го прифатеше ставот на системот.

Од категоријата

ПОБЕДА ВО ПРЕГОВОРИ СО ТРОЈЦА ИГРАЧИ

Зоран Иге

ПРИЛЕП В САБОТА Е ФУДБАЛСКИОТ ЕПИЦЕНТАР!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: В НЕДЕЛА ДВА МЕЧА НА МОГИЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе