Ракомет

(фото+видео) ПРИЛЕП СО НОВ РАКОМЕТАР НА „МИЛЕ НЕШКОВСКИ“, ДЕНЕСКА ОТВОРЕНИОТ ТУРНИР!

Осмиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ беше отворен пред Универзалната сала, каде што беше положено цвеќе на споменикот од починатиот ракометар и тренер. Притоа, пред присутните роднини, другари, соиграчи, пријатели,  сограѓани, беше прочитана биографијата со најбитните детали од неговата ракометна кариера.

По обраќањето на градоначалникот Борче Јовчески, со кое е означен почетокот, место за одвивање на турнирот е салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Учествуваат осум тима, во А-групата Прилеп, Дубочица од Лесковац (Србија), Скопје и Струга, во Б-групата Кокс (Финска), Еурофарм Пелистер 2 (Битола), Пролет и Мултиесенс (Скопје). Убава можност за уигрување на екипите во пресрет на есенската првенствена борба за бодови. За Прилеп најавен е нов играч, потенцијално засилување, особено за одбранбени задачи.

Турнирот трае четири дена, а според денешниот распоред, Еурофарм Пелистер 2 – Пролет (12:22), Скопје – Дубочица (24:36), од 18 часот е Прилеп – Струга, од 20 Кокс – Мулти есенс.

ВИДЕО од настанот е на линкот:

 

 

Од категоријата

БОДОВИ ЗА Ѓ. ПЕТРОВ ВО ПРИЛЕП И ЗА БУТЕЛ ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ПОМАГА ЗА ОПСТАНОК И НА 41 ГОДИНА!

Зоран Иге

СТРУЖАНКИТЕ ПРЕСИЛНИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе