Прилепчаните не се само големи љубители на фудбалот и ракометот, ами и на кошарката. Тоа се гледа на Баскет-турнирот „КГЈ 3х3“, на отвореното игралиште пред ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Сите седишта на монтажните трибини околу кошот се зафатени, а има и гледачи што стојат. А има што да се види, на натпреварите во три категории: младинци до 18 години, сениори над 18 и ветерани над 40.
Турнирот е денеска и утре, денски и во вечерните часови под рефлектори.