Вториот ден од Осмиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп го донесе првиот нерешен резултат. Натпреварот Еурофарм Пелистер 2 – Мултиесенс заврши со 34:34. На другите мечеви убедливи победи постигнаа српската Дубочица и Прилеп, единствените досега со максимум бодови (6), како и финскиот Кокс кој со три разлика го совлада Пролет. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ возбудувањата продолжуваат со натпреварите од последното коло од групите.
РЕЗУЛТАТИ. Еурофарм Пелистер 2 – Мултиесенс 34:34, 15 ч. Дубочица – Струга 35:21, 17 ч. Прилеп – Скопје 26:20 и 19 ч. Кокс – Пролет 29:26.
ТАБЕЛА А-ГРУПА: Дубочица и Прилеп 6, Скопје и Струга 0, ТАБЕЛА Б-ГРУПА: Мултиесенс 4. Пролет и Кокс 3, Еурофарм Пелистер 2 – 1,
РАСПОРЕД ЗА НЕДЕЛА: 13 ч.: Скопје – Струга, 15 ч.: Пролет – Мултиесенс, 17 ч.: Кокс – Еурофарм Пелистер 2, 19 ч.: Прилеп – Дубочица.