Одличен старт има Цевитана во Првата женска фудбалска лига на Македонија. Прилепскиот тим постигна убедлив триумф од 4:0 над Шкендија во Тетово. Стрелци: Ана Боризоска, Анастасија Илиевска 2 и Јована Каралиоска. Во екипата на Цевитана настапи нова фудбалерка – штипјанката Ива Салтирова, дојдена од струмичка Тиверија. ЦЕВИТАНА: Шљиво, Павловска, Милеска, Јованоска, Трендова, Боризоска (82. Мојсоска), Настовска (86. Салтирова), Каралиоска, Евтинџиоска, Илиевска, Трипчевска. Тренер: Катерина Милеска.
ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Речица – Топ гол 0:0, Тиверија – Љуботен 1:1, Скопје – Истатов 5:0, Саса – Ас унитед (недела).
СЛЕДНО КОЛО: Цевитана – Скопје, Топ гол – Истатов, Ас унитед – Шкендија, Љуботен – Саса и Речица – Тиверија.