Во Охрид почна Државното екипно шаховско првенство на Македонија. Учесници се: Алкалоид, Гамбит и Шкупи (Скопје), Прилеп и Пелагон (Прилеп), Анпасан (Шипковица), Гостивар и Куманово. Интересно е што сите екипи имаат засилувања од странство, и тоа на најважните позиции. Така, прва табла на Алкалоид е ВМ Нодирбек Јакубоев од Узбекистан (рејтинг 2630), за Гамбит игра ВМ Милош Перуновиќ од Србија (2540), за Шкупи е ВМ Суат Аталик од Србија (2417), за Прилеп ВМ Бобан Богосављевиѓ од Србија (2494), за Пелагон е ВМ Далибор Стојановиќ од Босна и Херцеговина (2454), Анпасан е со ИМ Илир Сеитај од Албанија (2348), за Гостивар е ВМ Никола Ѓукиќ од Црна Гора (2517), за Куманово Ндерим Сарачи од Косово (2466).
РЕЗУЛТАТИ 1. РУНДА: Прилеп – Шкупи 4:2, Гостивар – Пелагон 4:2, Алкалоид – Гамбит 4,5:1,5, Анпасан – Куманово 1:5, За Прилеп партии добија ИМ Дејан Стојановски, ИМ Тони Кироски, Кире Николоски, а ремизираа ВМ Мирослав Миљковиќ од Србија и Васко Дамески. За Пелагон ремизираа ВМ Далибор Стојановиќ од Б и Х, ВМ Никола Седлак од Србија, Горан Готовуша и Дејан Ѓорѓиески.
ДЕНЕСКА ОД 16 Ч.: Шкупи – Пелагон, Гамбит – Гостивар, Куманово – Алкалоид, Прилеп – Анпасан.